Филм

ГО НАДМИНА ТИТАНИК: Ова е филмот со 14 номинации за Оскар (ВИДЕО)

Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ доби 14 номинации за наградата Оскар и го изедначи рекордот на „Титаник“ од 1997 и „Се за Ева“ од 1950 година.

 

На 89. доделување на оскарите, во категоријата најдобар филм за златната статуетка ќе се борат „Arrival“, „Fences“, „Hell“, „Hidden Figures“, „La La Land“, „Manchester by the Sea“, „Lion“ и „Moonlight“.

За најдобар режисер номинирани се Денис Вилено, Мел Гибсон, Дамијен Шазел, Кенет Лонерган и Бери Џенкинс.

За најдобра женска улога се натпреваруваат Изабел Хуперт, Рут Нега, Натали Портман, Ема Стоун и Мерил Стрип.

За најдобра женска споредна улога се номинирани: Виола Дејвис, Наоми Херис, Никол Кидман, Октавија Спенсер и Мишел Вилијамс.

Во категоријата најдобра машка улога ќе се натпреваруваат Кејси Афлек, Ендрју Гарфил, Рајан Гослин, Дензел Вашингтон и Виго Мортенсен.

За најдобра машка споредна улога Оскар имаат шанса да добијат Џеф Бриџис, Махершала Али, Дев Пател, Лукас Хеџс и Мајкл Шенон.

Меѓу другите, Ла Ла ленд доби номинација и за најдобро оригинално сценарио.