Филм

ФОТО: Ѕвездата од Хари Потер имаше страшна сообраќајка – актерот се бори за живот

Актерот Џим Таваре кој играше во филмот „Хари Потер – Затвореникот од Азкабан“ во понеделникот доживеал страшна сообраќајна несреќа, после која итно бил хоспитализиран.

 

Неговата сопруга Лаура, на Фејсбук објави дека Џим го скршил и дека прободено му е белодробното крило, во моментов тој се наоѓа на интензивна нега.

dzim hari poter

-Џим ме замоли да го споделам со вас дека во понеделникот доби страшни повреди во сообраќајна несреќа. Скршени му се 15 ребра, двете клучни коски, прободено му белодробното крило, има повеќекратни повреди на нозете и скршеница на вратот. Тој ќе се извлече од ова, објави неговата сопруга.

dzim bolnica

Џим е истакнат британски комичар, кој со година се обидуваше да се пробие во Холивуд, а стана познат после филмот „Хари Потер“.