Филм

ФОТО: Славниот актер се здебели до непрепознатливост заради филмска улога- не личи на себе

Холивудскиот актер Кристијан Бејл, кој е познат по трансформациите за улогите кои ги прифати, повторно пред себе имаше таква задача.

 

Тој се здебели до тој степен, што ретко кој би можел да го препознае. Тоа го направи поради улогата во биографскиот филм за Дик Чејни, кој беше 46-ти потпретседател на САД, за време на Џорџ Буш, од 2001-ва до 2009-та година.