Филм

Филмскиот хит „Убава жена“ се гледа веќе 27 години, но неговиот крај требало да биде многу поразличен

Филмот „Убава жена“ освои милиони срца низ светот и иако минаа цели 27 години откако е издаден, се уште ги привлекува гледачите и е една од омилените романтични комедии.

ubava zena

Меѓутоа, ова филмско остварување требало да има многу поинаков крај. Кaко што открил главниот човек на Дизни, Џефри Катценберг, првично било планирано ликот кој го глуми Џулија Робертс да заврши трагично.

– Не можам ни да се сетам колку многу време потрошивме расправајќи се околу тоа. Според сценариото на „Убава жена“, во неговата оригинална верзија, таа требаше да умре по труење со апчиња. Беше тешко да ги убедиме луѓето дека намето тоа, треба да снимиме крај кој и доликува на бајка со принцеза. Но успеавме да ги убедиме, а останатот го знаете, изјавил Катценберг.

Популарниот филм во кој Џулија Робертс и Ричард Гир се прославија, заработи преку 460 милиони долари.