Филм

Филмот Power Rangers од денес во кино „Милениум“

Power Rangers, како телевизиска серија потекнува од јапонската tokusatsu Super Sentai, а како Power Rangers, првпат се појавуваат во програмскиот блок на Fox Kids како Mighty Power Rangers во далечната 1983 година.

Станува збор за група проблематични средношколци кои добиваат натприродни моќи и стануваат Моќните ренџери. Сфаќајќи дека стариот непријател на претходната генерација се вратил по одмазда, групата мора да ги искористи своите моќи за заеднички да го спаси светот.

Прикажувањето на филмот Power Rangers почнува од денес во 17:30 часот во киното Милениум во Скопје.