Филм

Еве зошто Кристофер Нолан не им дозволува на актерите да седат или да пијат вода

Снимањето на филмот „Данкрк“ било поеднакво драматично како и крајниот резултат.

Режисерот Кристофер Нолан е сериозен и посветен во својата работа и сакал во неговиот последен филм „Данкрк“ да има што помалку постпродукција и специјални ефекти.

Отишол дотаму што на актерите им забранил да носат шишиња со вода или да седат на сетот.

Актерот Бери Киган вели дека режисерот му смета бучавата која шишињата ја произведуваат, но и оти недостатокот на столици ги тера луѓето меѓу кадрите да стојат на прсти, што на крајот довело до веродостојно изведување.

Нолан не е осамен случај, со оглед на тоа дека многу режисери имаат специфични барања од актерите.

Мартин Скорсезе на пример, не сака никој од тимот да носи часовник.