Скопје

За десет години невработеноста во Гази Баба преполовена!

Градоначалникот Тони Трајковски и раководителот на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексовска ја посетија компанијата М-Стеел Доо која се наоѓа на територија на Гази Баба и која користи мерки за вработување кои ги реализира АВРМ, пишува весникот Вечер.

gazi baba

Компанијата работи 2 години и е успешен пример за добро функционирање која постепено со работењето расте и се развива.

Градоначалникот во својата изјава истакна дека општина Гази Баба има добра соработка со компаниите на нејзина територија и има обезбедено сертификат за општина со поволно бизнис опкружување.

Тоа е доказ дека општината со целокупната своја постапка почнувајќи од планирањето и реализирањето на нашите активности во текот на целата година работи во координација со компаниите, со што придонесува за развој на бизнис заедницата во општината.

Со Агенцијата за вработување општината има одлична соработка, во просториите на општината има отворено канцеларија на АВРМ со што граѓаните на општина Гази Баба имаат можност тука да ги добијат услугите на Агенцијата за вработување, за добивање информација за слободни работни места, а исто така и фирмите можат да добијат информација со каков профил на невработени лица располага агенцијата.

Во последните 10 години невработеноста во општина Гази Баба е за 57% намалена, односно во 2006 година невработени имало 12 794 лица, а на крајот на 2016 година невработени лица имало 5520.

Ова е благодарение на капацитете на компаниите и на други субјекти во општината кои го зголемуваат бројот на вработени.

Градоначалникот најави дека ќе има отварање на нови компании во новата индустриска зона кај обиколницата во непосредна близина на н.м Инџиково и во завршна фаза е донесување на ДУП за комлексот Рудници и Железарница, каде функционираат голем број на компании и за каде има најава за компанија која во следните 5 години треба да отвори 600 нови работни места.

Градоначалникот истакна дека заедничка цел со Агенцијата за вработување е да се промовираат заедничките активности кои се прават со цел подршка на компаниите и на нашите граѓани за полесно изнаогање на работа.

Директорката Слободанка Алексовска истакна дека компаниијата М-Стеел е една од компаниите која успешно ги користи мерките за вработување со која што се намалува невработеноста.

Преку проектот Македонија вработува 2, вработени се над 5080 лица, а вкупно преку трите проекти Вработување за млади, Македонија вработува 1 и Македонија вработува 2 вработени се над 24 000 лица.