вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 136
home Скопје

Во понеделник делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Гази Баба без струја

Во понеделник делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Гази Баба без струја

Во понеделник од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, „Товарник“ и „Палмиро Тољати“ во општина Гази Баба и корисниците од улицата „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари.

Од 9 до 11 часот без струја в понеделник ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Димитар Мирасчиев“ поточно броевите 15, 17, 19, 21, 22, 23, 25 и 27 во општина Кисела Вода.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.