Скопје

Високата зона во Аеродром и Ново Лисиче утре без вода од 23 часот

Поради отстранување дефект на водоводна цевка, утре (11 август) од 23 часот до завршување на зафатот без вода ќе бидат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче.

 

Регионалниот центар за управување со кризи по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација соопшти дека дефектот што ќе се отстранува е на водоводна цевка со пречник 400 мм на ул. Новопроектирана – Сервисна зона југ во населба Кисела Вода.