понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 138
home Скопје

Викендов сообраќаен режим во Скопје по повод Задушница

Викендов сообраќаен режим во Скопје по повод Задушница

По повод верскиот празник Задушница, Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре (10./11.02) во периодот од 06,00-16,00 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров каде се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Поради изведување на градежни работи на ул.“Александар Урдаревски“(во реонот на гробиштата Бутел), кои што се уште траат – идентично како и во ноември минатата година – дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај.

Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“ во правец од кружниот тек на ул.“Александар Урдаревски“ кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“, лево, по ул.“Александар Урдаревски“ кон клучка „Мирковци“ (обиколница).

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул„Црногорска“ а на гробишта „Камник“ по ул„Јужноморавски Бригади“ со ул„Роман Каскалиевиќ“.

-Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, информираат од МВР.