Скопје

Скопје пред доаѓањето Коце Трајановски- еве каков град наследи во 2009-та година (ВИДЕО)

Градскиот татко Коце Трајановски преку својот ФБ профил ги потсети граѓаните на Скопје за тоа каков град наследил во 2009 година.

 

-Мало потсетување за тоа каков град наследив во 2009 година, кога за првпат ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник на Скопје.

Тесни и нефункционилни сообраќајници, руинирани пешачки патеки, ниско ниво на хигиена и депонии.

Нефункционални јавни претпријатија пред колапс, со долгови над 17 милиoни евра, без опрема и механизација, стари автобуси, пишува во својот ФБ статус, Трајановски.