Скопје

Вечери на женски права по осми пат во Скопје

Поттикнување на мажите и жените да размисуваат критички за родовата (не)еднаквост преку уметност, филм и музика има за цел осмото издание на „Вечери на женски права“ што од 3. до 9 март се одржува во Младинскиот Културен Центар – Скопје, во организација на  Центарот за истражување и креирање политики.

0

Настанот „Вечери на женски права“ нуди алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената 8 март и за таа цел денеска се организираат повеќе настани.

Изложба на ракотворби од жени со посебни потреби, поддржан од Национален совет за родова еднаквост, НВО Порака и Дом „Мајка Тереза“ од Злокуќани, ќе се одржи во просториите на „Даре Џамбаз“.

Феминистичката иницијатива „Бори се женски“ ќе одржи перформанс на тема економското јакнење на жените и неплатената работа на грижа на плоштадот „Македонија“, паркот „Жена борец“ и плоштадот „Карпошово востание“.

Во рамки на настанот, во 17 часот ќе бидат свечено отварени просториите на организацијата „Една може“, а главен акцент на дента е проекција на документарен филм „Срцет на жената“ од Адрејка В. Скрачиќ.

Настанот традиционално се организира од 2010 година.