Скопје

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.

Во периодот од 9:00 до 11:00  часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Теодосиј Синаитски од бр. 7 до бр. 166 во општина Карпош, од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од  ул. Дете Татулче во општина Аеродром, а во истиот период и корисниците од дел од село Рашче во општина Сарај.

Без напојување со електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од  дел од село Буковиќ, а од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Семениште и дел ос село Чајлане исто така од општина Сарај.