петок, 21. септември 2018. Вести денес: 95
home Скопје

Угостители од Водно бараат укинување на забраната за возила

Угостители од Водно бараат укинување на забраната за возила

Угостители од Водно денеска протестираа против забраната за движење на возила, која беше воведена како мерка за намалување на загадувањето.

Тие бараат забраната за возила на Водно да се укине бидејќи, како што посочуваат, се на работ на егзистенцијата.

Дел од угостителите од Средно и Горно Водно велат дека се пред затворање на објектите поради ваквата одлука. Реагирале до сите надлежни институции и Град Скопје, а се обратиле и до Народниот правобранител.