Скопје

Трајановски: Стартува „Супер Скопје“- викендов доаѓаат Бајага и Инструктори

Викендов стартува проектот „Супер Скопје“.

Градоначалникот Коце Трајановски очекува во наредните месец дена главниот град да го посетат над 100 илјади луѓе.

Во сабота настапува Сергеј Четковиќ, а во недела Бајага и Инструктори.

Ова е целосната програма за „Супер Скопје“:

– На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, каде:

  • На 18 август (петок) ќе настапи Сергеј Четковиќ,
  • На 19 август (сабота) ќе настапат Бајага и Инструктори.

– Супер Скопје на 25 и на 26 август ќе се префрли во Старата Скопска Чаршија, каде:

  • На 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ
  • На 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“каде ќе настапат Офкестра (Offchestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

 На 1 и на 2 септември забавата ќе се организира на улица Македонија, каде:

  • На 1 септември (петок) ќе настапат Ди Џеј Баже (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева
  • На 2 септември (сабота) ќе настапат Ди Џеј Дела (DJ Dela)Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе

– На 8 и на 9 септември забавата ќе се организира на Боемската улица во Дебар Маало, каде:

  • На 8 септември (петок) ќе настапат Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин
  • На 9 септември (сабота) ќе настапат Нино Величковски и ТамбурашиЉубојна и Џамбо Агушев оркестар.