Скопје

Трајановски оствари средба со министерот за надворешни работи на Косово, Пацоли

Актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски оствари средба со министерот за надворешни работи на Косово и лидер на партијата Алијанса за Ново Косово, Беџет Пацоли.

-Вчера остварив средба со Беџет Пацоли, министер за надворешни работи на Косово и лидер на партијата Алијанса за Ново Косово. На средбата разговаравме за досегашната соработка на општините од двете земји, соработка на главните градови, како и за потребата за продлабочување на истата.