четврток, 21. јуни 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир: Судските власти да престанат да бидат продолжена рака на СДСМ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир: Судските власти да престанат да бидат продолжена рака на СДСМ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од општина Чаир изразуваат револт за третманот  кој го имаат притворените за настаните од 27-ми април и за продолжување на притворот.

-Од името на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да го изразиме нашиот револт кон третманот со уапсените и притворени граѓани на Република Македонија за настаните од Собранието на РМ од 27-миаприл. Даваме максимална поддршка на притворените браќа и сестри и го изразуваме нашиот револт кон продолжување на нивниот притвор. Порачуваме на судските власти да почнат да работат согласно законите и уставот на Република Македонија, а да престанат да бидат продолжена рака на прогон на сегашната власт предводена од СДСМ, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од општина Чаир.