понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 138
home Скопје

Сообраќајниот режим ќе биде променет за викендов поради Задушница

Сообраќајниот режим ќе биде променет за викендов поради Задушница

По повод верскиот празник Задушница, МВР информира дека утре и задутре (10./11.02) во периодот од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров каде се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Поради изведување на градежни работи на улица Александар Урдаревски, во реонот на гробиштата Бутел, на дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај.

Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по улица Боца Иванова во правец од кружниот тек на улица Александар Урдаревски кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улица Боца Иванова, лево, по улица Александар Урдаревски кон клучка „Мирковци“ (обиколница).

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица Црногорска а на гробишта Камник по улица Јужноморавски Бригади со улица Роман Каскалиевиќ.