Скопје

Скопје: Во недела пренасочување на сообраќајот, еве каде ќе се движат автомобилите и автобусите

Поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје, во недела во периодот од 16:00 до 17:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат улицата 11.Октомври од крстосницата кај Црвен крст, преку улицата Димитрие Чуповски до крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“, улицата Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11.Октомври.

 

Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50, 57 и 59 од Битпазар ќе се движат право по булеварот Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието), улицата 11.Октомври, булеварот Кочо Рацин и ќе продолжат по своите траси.

Линиите со број 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24 ,25, 27 и 28 ќе се движат по булеварот Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието) и ќе продолжат по своите траси.

Линијата број 16 од Битпазар ќе се движи право по булеварот Кочо Рацин и ќе продолжи по своја траса во двете насоки.