недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје повторно загадено: СДСМ ги излажа граѓаните – ни трага од итните мерки против загадувањето на воздухот

Скопје повторно загадено: СДСМ ги излажа граѓаните – ни трага од итните мерки против загадувањето на воздухот

Воздухот во Скопје и вчера беше алармантно загаден. Мерните станици за квалитет на воздухот покажаа дека измерените концентрации на опасните честички се неколку пати дозволениот минимум.

Скопје речиси секој ден се наоѓа во листата на 10 најзагадени градови во светот, а високиот степен на загадување ги наполни болниците со пациенти кои имаат проблеми со дишењето.

Загадувањето во Лисиче беше 265 mg/m3 ПМ-10 честички што е пет пати над дозволеното, Во Гази Баба загаденоста изнесуваше 170 mg/m3, додека во Карпош нивото на ПМ-10 честички беше 168 mg/m3 што е три пати над дозволената граница.

Ситуацијата со загадениот воздух повеќе од четири месеци е алармантна. Болниците се полни со пациенти со респираторни проблеми, а особено најпогодени од загадениот воздух се дечињата кои ја наполнија Детската клиника за белодробни заболувања.

Додека граѓаните мака мачат со енормно загадениот воздух, СДСМ и Петре Шилегов се уште не преземаат ништо посериозно за да го намалат загадувањето. Мерките кои привремено стапија на сила не донесоа никако ефект, освен гол популизам.

СДСМ и Шилегов ги излажаа граѓаните бидејќи им ветуваа итни мерки со кои ќе се намали загадувањето на воздухот. Но, повторно се потврди дека СДСМ никогаш немале намера да го решат овој проблем туку манипулирале со маката на граѓаните за да дојдат на власт.