Скопје

Се одржаа првите меѓународни турнири во голбал и шоудан во Скопје

Во организација на спортското здружение на слепи и слабовидни „Феникс“ од Скопје, со поддршка на Град Скопје, во саботата, во двете училишни спортски сали на СУГС „Михајло Пупин“, коишто се опремени со спортска опрема и реквизити по сите Европски и светски стандарди за одржување на ваков тип меѓународни турнири, се одржаа првите меѓународни турнири во голбал и во шоудаун во Скопје.

На турнирот во голбал учествуваа вкупно 5 екипи, од три држави, односно од  Македонија, Србија и од Бугарија.

Од Р.Македонија учествуваа: екипата победничката на Државното првенство во голбал од Македонија-Кавадарци, и две екипи  Скопје 1 и Скопје 2, од Здружението  на слепи и лица со оштетен  вид  од Скопје, од Р.Србија учествуваше екипата на Напредок од Белград и од Р.Бугарија екипата на Витоша од Софија.

Се одиграа 5 кола, според бергеровиот систем на натпревари, секој со секого и по сите одржани натпревари  го добивме следниов редослед:

1 место Напредок, Белград – Србија

2 место Витоша, Софија – Бугарија

3 место Кавадарци – Македонија.

На првиот турнир во шоудан учествуваа 6 натпреварувачи, од кои тројца од Бугарија и тројца домашни натпреварувачки. Турнирот во шоудаун беше од ревијален карактер.

Градот Скопје дедека течае натпревараите обезбеди медицинска заштита со екипа од Црвениот крст на Град Скопје и финансиски го поддржа турнирот со 50.000 денари.