Скопје

Помош за семејствата од Шуто Ориза чии домови беа опожарени

Четирите семејства од Шуто Оризари чии што куќи неодамна беа опожарени денеска ќе добијат еднократна парична помош во висина од две просечни плати и хуманитарна помош.

pomos paketi

Помошта ќе ја доделат министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими заедно со градоначалникот на Општина Шуто Оризари Елвис Бајрам во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Хуманитарната организација „Класот на добрината”.