Скопје

„Плати со поезија“ во Скопје и во Велес

Утре во 10 часот, по повод Светскиот ден на поезијата, по трет пат започнува акцијата „Плати со поезија“.

plati-so-poezija

Во Нола Бар, Наргиле Кафе, Ревија, Дион, Бекјард, Џус бар, Венето, Баду Бар во Скопје и во Чао Кафе во Велес љубителите на кафе и чај ќе можат да платат со поезија, a најдобрите поеми ќе добијат награди.

Познатите автори, кои се вклучени како главни поддржувачи на овој настан, и оваа година ќе бидат во потрага по најкреативните неоткриени „поети” кои ќе ги очекува несекојдневно и пријатно изненадување.