понеделник, 22. јануари 2018. Вести денес: 50
home Скопје

Петарди – од забава до трагедија

Петарди – од забава до трагедија

Губење на прст или цела шака спаѓа меѓу потешките инвалидитети со кои може да се здобијат лицата кои употребуваат пиротехнички средства.

Неретко, продавачите немаат декларација за составот, па во нив може да има високоексплозивни средства кои може да доведат и до хируршки интервенции.

Според Законот за прекршоци против јавен ред и мир, за прекршителите следува глоба од 200-500 евра. Истиот износ е предвиден и со Законот за заштита од експлозивни материи.

Со Кривичниот законик на лицата кои нелегално набавуваат и продаваат петарди и други пиротехнички и експлозивни средства освен парична казна им се заканува и затворска во времетраење од 1 до 10 години.