Скопје

Општина Кисела Вода ќе ја реконструира улицата „Доситеј Обрадовиќ“

Општина Кисела Вода распиша тендер за реконструкција на улицата „Доситеј Обрадовиќ“.

– На потегот меѓу улиците „Иван Козаров“ и „Дичо Петров“, каде се протега оваа улица во урбаната заедница „Цветан Димов“, ќе се врши рехабилитација на постоечкиот асфалтен коловоз, кој е со ширина од 5,30 метри и е со видливи оштетувања, соопшти општина Кисела Вода.

Освен поставување нов асфалтен слој, градежните работи треба да опфатат и подигнување на постоечките шахти. Ќе бидат поставени и нови рабници на тротоарите.