Скопје

Општина Кисела Вода и Црвениот крст со мерки за заштита на граѓаните од топлотниот бран

И оваа година Општина Кисела Вода во соработка со Црвениот крст Кисела Вода го реализира проектот за помош на граѓаните од високите температури.

За таа цел, медицински тим од Црвениот крст – Кисела Вода е на терен и на граѓаните кои се надвор од своите домови им дистрибуира вода за освежување.

Исто така волонтерите на Црвениот крст по потреба со сопствени возила вршат транспорт на стари лица до дома доколку за тоа има потреба. Покрај ова граѓаните можат да побарат и медицински совети од лекар на телефонскиот број  071 216 823.

Оваа активност која започна на почетокот на јули ќе продолжи да се одвива се до крајот на август и ќе се реализира при постоење на високи надворешни температури.

Истата, во рамките на прокетот проектот “Топлотен бран – Заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период” се реализраше и во минатите години како дел од програмата на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита при Општина Кисела Вода.

Проектот во кој локалната самоуправа кофинасира има за цел да ја промовира позитивната свест кај граѓаните на Општина Кисела Вода за превенција од последиците од високите температури и современиот начин на живеење.