Скопје

Општина Аеродром: Се сомневаме дека системот за наводнување се уништува за да се минира нашата успешност

Општина Аеродром информира дека повеќепати летово испратиле апели до Министерството за внатрешни работи да ги открие лицата кои ги уништуваат прскалките и системот за наводнување во тревниците и парковите во Општината, но како што се вели во соопштението, досега нема никаква реакција од нивните служби.

-Затоа, се сомневаме дека зад овие деструктивни активности стои опозицијата на локално ниво во пресрет на локалните избори со цел да ја минира успешноста на Општината. Уште еднаш апелираме до Министерството за внатрешни работи да не ги штити вандалите и да преземе соодветни мерки против уништувањето на урбаната опрема и системот за наводнување, се веи во соопштението од општина Аеродром.