Скопје

Нови трибини на фудбалското игралиште „ССК” во Драчево

Градежните активности за изградба на челични трибини на фудбалското игралиште „ССК” во Драчево се завршени, информира денеска општина Кисела Вода.

Трибината има должина од 30 метри, со две нивоа и два реда на седишта. Поставени се пристапни скали, санирана е дел од бетонската ограда и обновен е дел од гардеробите.

Градоначалникот на општина Кисела Вода денеска изврши увид во проектот за кој барање имаше и од фудбалскиот клуб “ССК”.

Изграденото гледалиште, како што се наведува во соопштението, ќе овозможи покомфорно следење на спортските натпревари за сите спортски љубители.