Скопје

Луна Паркот во Скопје ќе се гради на постојаната површина- еве ги деталите

Градот Скопје ги негира наводите наведени во одредени натписи во врска со изградбата на новиот Луна Парк, каде се тврди дека за изградбата на истиот ќе се уништат над 59.000 метри квадратни.

luna park

Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор на невистинита информација и дека Луна Паркот ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се завзема и уништува зеленило во Градскиот Парк.

Сакаме да ја информираме јавноста дека според деталниот урбанистички план, големината на соодветните парцели изнесуваа 84.070 квадратни метри, додека самиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега на површина од околу 24.000 метри квадратни (ДУП Централен градски парк-блок3 за урбанистичка парцела 3.1).

Вкупната проценета вредност за изградба на Луна паркот, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

Главниот забавен дел на паркот ќе има два адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.

Во Луна паркот во отворениот дел ќе има влезна партија со билетарница, продавница за сувенири, ресторани, канцеларии за администрацијата, тоалети и гардероби за вработените, како и затворен мултинаменски објект со облик на школка.

Целиот простор во Луна паркот ќе биде партерно и хортикултурно уреден и ќе биде поставена урбана опрема во согласност со темите кои ги прикажува забавниот парк.

Со овие постапки, скопјани конечно ќе добијат нов, модерен забавен парк, со нова опрема и реквизити, кој не е обновен од неговата изградба во 1973 година.