среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 19
home Скопје

Како е кога помага Шилегов: Шутановац и Демократската партија не го поминаа ниту цензусот!

Демократската партија и коалицијата успеаја да освојат само 2,4 проценти од гласовите.
Како е кога помага Шилегов: Шутановац и Демократската партија не го поминаа ниту цензусот!

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, минатиот месец главно го помина во Белград на предизборни митинзи на Демократската партија и коалицијата.

Но, како резултат на неговите активност, кандидатот за градоначалник на Белград од Демократската партија и коалицијата, Драган Шутановац  не успеа да го помине ниту цензусот од 5 проценти.

Демократската партија и коалицијата успеаја да освојат само 2,4 проценти од гласовите.

Ова се податоци од Центарот за слободни избори и демократија.

Шилегов за време на предизборната кампања во февруари им се обрати на жителите на Белград:

-Кога ја започнавме нашата битка, многумина не веруваа дека ќе успееме. Но, со упорност, со добри кампањи, со посветена работа, пред една година успеавме да ја ослободиме Македонија, а пред неколку месеци да го ослободиме и Скопје. Одевме од врата до врата, од човек до човек и во исклучително тешки услови ја промовиравме нашата програма и успеавме да донесеме живот за сите во Скопје, живот за сите во Македонија, посочи Шилегов кој го повика граѓаните на Белград да дадат поддршка на кандидатот Шутановац.

Тој како што рече „овој пат имаат прекрасна можност да изберат градоначалник кој ќе се грижи за нивните интереси и ќе гради инфраструктура којашто доликува на времето во коешто живееме“.