петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Град Скопје се огласи во врска со информациите дека ќе се забрани влез на возила од другите градови

Град Скопје се огласи во врска со информациите дека ќе се забрани влез на возила од другите градови

Градот Скопје реагира на информациите кои што се објавија на некои портали околу наводна забрана за влез на возила во Скопје од другите градови, како дел од мерките против загадувањето.

Од Град Скопје велат дека не се планира никаква забрана за влез во Скопје со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите.

-Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед). Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје. Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Шилегов на изборите во 2017-та, се наведува во реакцијата на Град Скопје.