Скопје

Град Скопје: Изградбата на улицата на кејот е предвидена со ДУП на Општина Центар

Градот Скопје денеска преку соопштение обвини дека директорот на ПОЦ и претседател на ОО СДСМ-Центар, Саша Богдановиќ, изнел невистини и манипулации околу изградбата на пристапна улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември.

 

grad skopje

Во реакцијата од Градот Скопје се наведува дека изградбата на оваа пристапна улица е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а ја гради приватен инвеститор.

– Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради. Градот Скопје, врз основа на валиден документ, детален урбанистички план, кој е донесен од страна на Општина Центар, е законски обврзан да издаде градежна дозвола за тоа. Доколку не го стори тоа, Градот Скопје може да биде тужен од страна на инвеститорот и да сноси финансиски последици, стои во соопштението.

Воедно, се наведува, СДСМ и нивните коалициски партнери ја имаат власта во Општина Центар, преку контрола на Советот на општина Центар и градоначалникот Жерновски и доколку сакале изминативе четири години можеле да го променат соодветниот детален урбанистички план.

Од Градот Скопје подвлекуваат дека немаат никаква надлежност врз градежната инспекција, ниту да носат детални урбанистички планови, оти нив ги носат општините.