Скопје

Големата забава вечерва е на Боемска 2- ќе ве забавуваат Нино, Тамбураши, Љубојна и Агушеви

Големата забава Супер Скопје продолжува и вечерва со почеток во 21 часот, каде посетителите, на сцената поставена на Боемска улица 2, ќе се забавуваат со Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев Оркестар.

Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

За потсетување, согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.