Скопје

ФОТО: Скопје го исклучи осветлувањето и испрати силна порака

Градот Скопје вчеравечер беше дел од глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот.

Во периодот од 20:30 до 21:30 часот Градот Скопје го исклучи осветлувањето на плоштадот „Македонија“ со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот „Око“ и на Мостот на уметноста.

2

Вчеравечер, поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја 2017“ ширум светот со симболично исклучување на светилките во времетраење од еден час испратија силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

33

Оваа светска манифестација е поддржана од организацијата WWF и се спроведува во 170 држави ширум светот.

6 7