Скопје

ФОТО: Преполно во Дебар Маало, Трајановски и Градот понудија одлична забава со „Супер Скопје“

Бројна публика во Дебар Маало. Коце Трајановски и Град Скопје понудија одлична забава со „Супер Скопје“.

Големата забава Супер Скопје, која се одржува неколку викенди по ред,продолжи и вечерва со почеток во 21 часот. Посетителите, на сцената поставена на Боемска улица 2, се забавуваа со Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев Оркестар.

Инаку, проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.

 

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

За потсетување, согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.