Скопје

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Скопје вечерва пулсира со „Супер Скопје“

Супер Скопје започнува вечерва со настапот на Сергеј Четковиќ на Кеј 13 Ноември. Скопје е подготвено за супер забава, напиша градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на својот Фејсбук профил.

Градот Скопје вечер пулсира во ритамот на Супер Скопје.

На оваа локација во рамките на „Супер Скопје“, покрај вечерашниот концерт на Четковиќ, скопјани утре, сабота, од 21 часот ќе се забавуваат со Бајага и Инструктори.

За дополнителна одлична забава се погрижи и Градот Скопје кој донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за еден час на датумите кога ќе се одржува „Супер Скопје“.