Скопје

ФОТО: Блесна новогодишната елка на плоштад Македонија

Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, вчера беше вклучена централната елка во Скопје која е поставена на Плоштадот „Македонија“.

 

DCIM100MEDIADJI_0016.JPG

Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, и е осветлена со неколку илјади светилки и  светлосни фигури, а ќе свети во различни бои. Годинава за првпат Плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.

DCIM100MEDIADJI_0026.JPG

Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.

DCIM100MEDIADJI_0032.JPG

Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици:

  • Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“,
  • просторот пред Владата на Република Македонија,
  • ул. „Даме Груев“,
  • Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала,
  • ул. „Димитрие Чуповски“,
  • ул. „11 Октомври“,
  • Булевар „ВМРО“,
  • ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до  раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“,
  • просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија,
  • elka-plostad3Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам,
  • украсување на Паркот „Жена борец“,
  • украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“,
  • украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,
  • украсување на улица „Македонија“,
  • Бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“,
  • Плоштад Пресвета Богородица,
  • Булевар Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов
  • Булевар Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов,
  • Булевар Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.
  • elka-plostad4

Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел  Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.

Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017  година.

plostad-ukrasuvanje plostad-ukrasuvanje1 plostad-ukrasuvanje2 plostad-ukrasuvanje3