Скопје

Додека Златко Марин само критикува, Коневски гради и реализира проекти во интерес на граѓаните

Додека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром, Златко Марин само критикува, Ивица Коневски низ годините наназад градеше и реализираше проекти во интерес на граѓаните.

 

Аеродром е една од ретките општини во Македонија без денар долг и со обезбедени средства за наредните 4 години. Тоа се должи исклучиво на одговорно и домаќинско работење, изјави градоначалникот Ивица Коневски, на прес-конференција на која неодамна го претстави отчетот за сработеното во текот на неговиот втор мандат од 2013 до 2017 година.

Изминатите 4 години, како што кажа тој, се реализирани повеќе од 200 проекти, со кои се подобри секојдневието на граѓаните, нивното маало, нивната околина. Општина Аеродром прерасна во најпосакувано место за живеење во Република Македонија.

Притоа, како што рече градоначалникот Коневски, ако порано главните спортски настани се одржуваа во другите делови на градот, денес со гордост може да се каже дека Општина Аеродром е спортската престолнина на Република Македонија. Изграден е спортскиот центар „Јане Сандански“, кој полека прерасна во гордост на Општината и симбол на успех. Се изгради и нова спортска сала во Горно Лисиче, како и повеќе мултинаменски спортски игралишта на местата каде што тоа недостасуваше во минатото. Исто така, се изгради и куќа на фудбалот придружена со уште 4 фудбалски игралишта на место кое претставуваше лоша слика за Општината. Денес овие терени ги користат дечиња и млади репрезентативци.

-Денес Аеродром е општина, која има 28м2 зеленило по глава на жител, изградени се голем број нови паркови и засадени се повеќе од 50.000 дрвца, кои долгорочно и тоа како ќе влијаат подобрување на животната средина. Изградено е ново училиште во Реонски центар, а во моментов се гради ново училиште во населбата Лисиче. Постојните училишта целосно се реконструирани. Дечињата секоја година добиваат бесплатна училишна облека. „Кај нас во Општина Аеродром се трудиме меѓу децата воопшто да не постојат класни разлики, за тие да можат безгрижно да растат и да се образуваат, потенцираше Коневски.