Скопје

Делови од Визбегово, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Батинци утре без струја

Без електрична енергија утре во периодот 06.00 до 11.00 часот, ќе останат зградите лоцирани на бул. Босна и Херцеговина, а краткотрајни прекини ќе има во објектите во индустриската зона Визбегово: Медика, Колид Анета, Алма М, Блив, Еуробулс, Дата Понс, Мусли Компани, МАК КАБ, Гипсар, како и дел од корисниците од Момин Поток, соопшти РЦУК Скопје.

Во периодот 08.30 до 10.00 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од ул. Црвена Вода во општина Центар, од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од подулица 1 – блага вода во населбата Стопански Двор во општина Ѓорче Петров, а од 09.00 до 12.00 корисниците од ул.1, 6 и 7 во село Батинци.

Без струја од 09.00 до 13.00 часот ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Париска“ и „Прашка“, а од 11.00 до 15.00 часот корисниците од ул. „Козле“ од бр.18 до бр.26 во општина Карпош.