четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 109
home Скопје

Делови од Морани, Долно Соње и Орешани утре без струја

Делови од Морани, Долно Соње и Орешани утре без струја

Дел од жителите од скопското село Морани утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во временскиот период од 9:30 до 12 часот без струја ќе бидат дел од жителите од селата Долно Соње и Орешани, а од 12:30 до 14:30 часот дел од корисниците од селото Соње.

Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.