среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home Скопје

Делови од Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Зелениково и Илинден утре без струја

Делови од Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Зелениково и Илинден утре без струја

Без електрична енергија утре од 10 до 12 часот ќе останат корисниците од улиците „Христо Татарчев“, делот околу поранешната фабрика „Прогрес“, подулиците „1“, „3“, „5“, „7“, „11“, и делот од оваа улица кај новиот кружен тек во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 13 часот безс снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ подулици „51“, „53“, „55“ и блиските подулици во пштина Аеродром.

Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Илинден“, објектите од број 148 до број 160 (парни броеви) во општина Карпош.

Корисниците од селото Зелениково ќе бидат без струја од 9:30 до 12 часот, а од 8 до 13 часот дел од корисниците од населбата Илинден, улиците „517“, „521“ и „522“ и околината во општина Илинден.

Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.