Скопје

Делови од Аеродром, Карпош и Петровец утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека, на ден 26.09.2017 год. (вторник), без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат делови од Карпош, Аеродром и Петровец.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Крчин, општина Карпош. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. 3-та Македонска бригада поточно броевите од 39 до 53 и околината во општина Аеродром ќе останат без струја. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот корисниците од Ржаничино, Школо Петровец како и Радио Фар во општина Петровец.