Скопје

Делови на Аеродром утре без вода

Корисниците од високата зона на ул. „Кузман Јосифовски Питу“ од број 24 до број 30 во општина Аеродром ќе бидат без вода од 00:00 до 06:00 часот (вторник спрема среда), наместо како што првично беше најавено од РЦУК Скопје, дека прекинот ќе биде утре од 10:00 до 14:00 часот.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување на приклучок од Ф-100мм. на ул.„Симеон Кавракиров“ бб. во населба Аеродром.