Скопје

Дел од општина Карпош и село Грчец утре без струја

Корисниците од улицата „Никола Тесла“, зграда број 8 влез 1  во општина Карпош утре од 8:30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

bez-struja

Во периодот од 9:30 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Грчец, во општина Сарај.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.