Скопје

Дел од корисниците во Центар утре без вода

Дел од корисниците на потегот од бул. Партизански одреди до ул. „Никола Тримпаре“ во општина Центар утре од 8.30 часот ќе бидат без вода.

Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје соопшти дека прекинот ќе биде поради уличен дефект на водоводна цевка на крстосница меѓу улиците „Аминта Трети“ и „Борка Талевски“ во населба Центар и ќе трае се до негово отстранување.