четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 109
home Скопје

Дел од Кисела Вода утре без вода, можен намален притисок во Аеродром и Ново Лисиче

Дел од Кисела Вода утре без вода, можен намален притисок во Аеродром и Ново Лисиче

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре поради уличен дефект од Ф-700мм на улица „Христо Татарчев“ бб кај кружниот тек, во населбата Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците во дел од Кисела Вода.

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Северна зона Југ, Бул.Борис Трајковски од крак 2 до крак 10, Супер Тинекс, Рамстор и бензиска пумпа, дел од Христо Татарчев, и дел од населба Кисела Вода.

Можно е со намален притисок да бидат населба Аеродром и Ново Лисиче висока зона, од 08:30 часот до санирањена дефектот.