недела, 23. септември 2018. Вести денес: 52
home Скопје

Дел од Гази Баба, Волково и Орман утре без струја

Дел од Гази Баба, Волково и Орман утре без струја

Корисниците од улицата „Среќко Пужалка“ бр. 5, 7, 9 и 11 и останатите непарни броеви и околните куќи во близина на куќите со бр. 15 и бр. 31, како и од улиците „Камник“, „Товарник“ и „Антон Попов“ бр. 67, 69, 71, 73, 75 во општина Гази Баба утре од 9 до 10:30 часот, ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од селата Волково и Орман.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од стран на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.