четврток, 26. април 2018. Вести денес: 156
home Скопје

Дел од Батинци и околината утре без струја

Дел од Батинци и околината утре без струја

Корисниците од населбата Љубош, објектите на фирмите „Зинес“, „Беровиќ“, „Златна Рака“, „Наско“ и „Адра“ лоцирани на пат за село Батинци, како и корисниците лоцирани на првиот влез во село Батинци утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 10 до 13 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.