Скопје

Боемска да беше, готова ќе беше досега: Граѓани реагираат на неспособноста на Жерновски со месеци да ја прекопува оваа клучна улица (ФОТО)

Граѓани на Скопје реагираат и го прашуваат градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски до кога планира да го попречуа движењето на граѓаните од Водно кон останатиот дел од градот, пишува порталот Денешен.мк.

Крајниот дел од улицата „Питу Гули“ на спојувањето со „Загребска“ со месеци е раскопан и блокира движење на автомобили по оваа клучна врзна улица меѓу Водно и остатокот од Скопје.

Во коментари на социјалните мрежи граѓаните велат дека Жерновски ја прави поспоро дури и од „Боемската“ улица која ги сруши сите рекорди на споро градење.