среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home Скопје

Без вода утре корисниците на две улици во општина Гази Баба

Без вода утре корисниците на две улици во општина Гази Баба

Прекинато водоснабдување утре од 10 часот ќе имаат корисниците од улиците „Благоја Давков“ и „487“ во општина Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот е поради водоводен приклучок ф-80мм на ул.„Благоја Давков“ бр. 16 и ќе трае до завршување на зафатот.